РАКОМЕТ – СУПЕРЛИГА
Металург, предводен од десното крило Златко Хорват (девет гола) и од црногорските интернационалци Милан Поповиќ и Василие Калуѓеровиќ (по осум погодока), ја забележаа првата победа во доигрувањето за титулата во ракомет, победувајќи ја убедливо екипата на Еурофарм Пелистер 2, со 36-23, во 3-то коло. Сигурна игра во дерби-дуелот со Еурофарм Пелистер демонстрираа ракометарите на актуелниот првак Вардар, победувајќи со 35-27. Кристијан Дисингер и Анте Гаџа со по седум гола беа најефикасни во победата на вардарци.
Третпат сезонава ракометарите на Охрид го добија дерби-дуелот со Пролет (28-26), втор на гостински терен. Голманот Јагош Брауновиќ и десниот бек Денис Тот (10 гола) беа најзаслужни за победата на охриѓани и освојувањето на првите три бода во плејофот. Минимална но значајна победа во трката за излез во Европа забележаа ракометарите на Бутел, во дуелот со Струга (22-21).
Во следното коло, на 8 април, Металург гостува кај Охрид, Струга ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2, Пролет ќе му гостува на Еурофарм Пелистер, а дуелот Бутел – Вардар е одложен поради настапот на вардарци во Лигата на шампионите.
РЕЗУЛТАТИ, 3. КОЛО
Бутел – Струга 22-21
Металург – Еурофарм П. 2 36-23
Пролет – Охрид 26-28
Вардар – Еурофарм П. 35-27
ТАБЕЛА
Вардар 3 3 0 0 9
Еурофарм П. 3 2 0 1 6
Пролет 3 2 0 1 6
Бутел 3 2 0 1 6
Металург 3 1 1 1 3
Охрид 3 1 0 2 3
Струга 3 0 1 2 1
Еурофарм П. 2 3 0 0 3 0
Идно коло: Охрид – Металург, Струга – Еурофарм Пелистер 2, Еурофарм Пелистер – Пролет, Бутел – Вардар (одложено).