Еурофарм Работник ќе почека на првиот триумф во ЕХФ Лигата на шампионите, откако пропушти шанса на гостувањето во Шведска кај Савехоф, водејќи со пет гола разлика (15:10) на полувреме, пред на крајот да загуби со 24:22.
Тимот на Стевче Алушевски имаше одлични први 30 минути на тешкото гостување, и предводени од петте гола на Јотиќ имаа изненадувачки пет гола предност на полувреме. Меѓутоа, во второто полувреме, домашниот тим влезе во серија, израмни на 18:18, за на 15 минути пред крај Савехоф да дојде до 20:18 предност. Во самиот финиш на мечот, македонскиот клуб успеа да дојде на гол разлика (25:24), но не успеа да извлече барем поен.
Во другите денешни мечеви, Динамо Букурешт стигна до деби победата оваа сезона од 28:25 над Кристијанштад, додека Флензбург немаше проблеми и стигна до убедлива 26:19 победа над Елверум.