Доминантна игра и сигурни победи на домашните екипи ги обележија мечевите од 8-то коло во ракометната Суперлига за мажи. Пелистер во дуелот со Прилеп ја оствари највисоката победа во ова коло (35-23). Еурофарм преку Охрид стигна до осмата победа сезонава (31-21) и со 24 бода цврсто стои на врвот на табелата. Предводен од одличниот Јовица Младеновски (осум гола), новајлијата Бутел преку Радовиш стигна до шестата победа сезонава (33-25), а Пролет имаше лесна задача против Струга, совладувајќи ја со високи 30-23.
По овие победи, Бутел и Пролет се израмнија бодовно со Охрид и со по 18 бода се на делба на втората позиција на табелата. Со синоќешниот дуел помеѓу Борец и Вардар јуниор се комплетира 8-то коло од првата фаза во првенството.