Шефот на стручниот штаб на Металург, Данило Брестовац, го комплетира тимот на тренери со кои ќе работи на спроведување на своите идеи и замисли во напредокот на Металург. Прв асистент ќе му биде Оливер Димитриоски, со кого пред шест години ја предводеа генерацијата 1996/1998, а тренер на голманите останува досегашниот тренер Петар Мисовски.
Металург подготовките за новата сезона ќе ги почне в понеделник. Во следните три дена ќе се тренира во Скопје, а потоа екипата ќе замине во Маврово, каде што традиционално е на висински подготовки. Металург ќе тренира во Маврово до 18 август, а потоа ќе замине во Струга, каде што во рамките на македонскиот Суперкуп ќе игра со Вардар.
По одигрувањето на Суперкупот, Металург ќе ги продолжи подготовките во Скопје, а во тој период се предвидени и неколку пријателски натпревари. Првиот натпревар во новата сезона е мечот од 1. коло од Регионалната лига, предвиден за 28 или за 29 август, против Вардар.