Ракометарите на Данска ќе ја бранат светската круна против Шведска во финалето на Мундијалот во Египет, кое се игра в недела од 17.30 часот.
Данците предводени од Микел Хансен, кој постигна 12 гола, го добија возбудливото полуфинале со актуелниот европски првак Шпанија, славејќи со 35-33.
Претходно, Шведска беше подобра од Франција со 32-26 во првото полуфинале. Швеѓанецот Хампус Ване беше најефикасен на мечот со 11 погодоци.
Франција и Шпанија ќе се сретнат во дуелот за третото место, в недела од 14.30 часот.