Левото крило на Елверум, Александер Вестби, и пикерот на Левен, Јаник Колбахар, вторпат сезонава со својата игра ги одушевија ракометните стручњаци на ЕХФ и добија место во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите. Вестби беше стрелец на седум гола во победата над Кокс, а Колбахар со шест реализации беше најефикасниот поединец на Левен во победата над Веспрем.
Место во идеалниот тим на колото доби и левиот бек на Вардар, Игор Карачиќ, кој со своите 11 гола беше нерешлива енигма за белоруската одбрана, а улогата најдобар организатор на играта ја доби централниот бек на Мотор, Адинас Маласинскас, кој, покрај многубројните асистенции кон своите соиграчи, беше стрелец и на 10 гола во дуелот со Целје. Признанието најдобар десен бек на 6-то коло го доби Мелвин Ричардсон од Монпелје за добрата игра и седумте реализации во дуелот со Кристијанстад, а седум реализации му донесоа место во тимот и на десното крило на Висла, Михал Дашек. Голман на колото е чуварот на мрежата на Фленсбург, Бенјамин Буриќ, за 17-те интервенции на дуелот со Скјерн. Та.Д.
ТИМ НА КОЛОТО
голман Бенјамин Буриќ (Фленсбург)
лево крило Александер Вестби (Елверум)
лев бек Игор Карачиќ (Вардар)
среден бек Адинас Маласинскас (Мотор)
десен бек Мелвин Ричардсон (Монпелје)
десно крило Михал Дашек (Висла)
пикер Јаник Колбахер (Левен)