Ракометарите на Вардар со убедлив пораз ја завршија годината во Лигата на шампионите. Во реприза на финалето од минатата сезона Вардар загуби од Веспрем 29:38.
Десеткуваниот Вардар немаше сили да му се спротивстави на квалитетниот унгарски тим. Од стартот Веспрем го наметна својот ритам, а победата ја најавија со почетното водство 2:9.
Оваа предност Веспрем ја чуваа до крајот на полувремето. Одбраната на Вардар во првото полувремето прими 22 гола.
Вториот дел Веспрем го одиграа многу искусно, ја одржуваа предноста, не форсираа и славеа 29:38.
Атман го предводеше Вардар со седум гола, по четири постигнаа Чупиќ и Калараш. Најдобар играч на мечот беше Ненадиќ со 11 гола.
Вардар на паузата заминува со девет бода. Црвено-црните се наоѓаат на шесттото место во Б-групата.