Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи ранг-листа на засилувањата на тимовите во паузата за репрезентативните активности. Трансферот на левиот бек Кристијан Дисингер од редовите на германски Кил во Вардар е на врвот на листата на ЕХФ, додека, пак, Металург ангажира најмногу играчи за време на изминатава репрезентативна пауза. Со две нови имиња се засили хрватскиот првак Загреб, а по едно засилување ангажираа Целје, Адемар Леон, Мотор, Елверум и Висла Плок.
Втората позиција на трансфер-листата ја има левиот бек Вилијам Акамбре, кој од Веспрем премина во Целје, а на оваа листа, на шестата позиција, е и трансферот на Александар Шпенде од Марибор во Металург. На деветтата позиција, пак, е трансферот на Португалецот Гонзало Рибеиро, а на десеттата е Словенецот Миха Пучник од Бошолт во Металург.