Ракометарите на Вардар го загубија мечот за третото место во Лигата на шампионите, на фајналфор-турнирот во Келн, против ПСЖ со 28-29. Дуелот беше реприза на ланското финале во натпреварувањето.
„Црвено-црните“ беа подобриот тим и имаа водство во поголем дел од дуелот, одиграа подобро од вчера против Монпелје, но сепак потклекнаа на крајот и го завршија турнирот со два порази за два дена.
Лука Циндриќ беше најефикасен кај Вардар со седум гола, Македа постигна шест, а Страхиња Милиќ имаше девет интервенции.
Прв стрелец на мечот беше Недим Ремили од ПСЖ со девет гола.
Новиот европски шампион ќе биде познат по финалето меѓу Нант – Монпелје, кое е со почеток од 18 часот.