За македонскиот и унгарскиот првак, пак, синоќешното финале во ЛШ беше нивни шести меѓусебен дуел во ова најквалитетно натпреварување
Со сите свои адути на терен, ракометарките на Вардар вчера излегоа на мегдан со актуелниот европски и унгарскиот првак Ѓер во големото финале во Лигата на шампионките (ЛШ) во Будимпешта, во кое единствена цел на избраничките на тренерката Ирина Дибирова беше реванш за ланскиот пораз во финалето во ЛШ и освојување на долгопосакуваната титула – европски првак.
Претходно, пак, црвено-црните до своето второ финале стигнаа благодарение на доминантната и цврста игра во одбраната над рускиот првак и дебитант на фајналфорот, Ростов, кој во полуфиналето го победија со 25-19 (10-7), ефикасната игра на бековите Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ, како и одличната голманка Амандин Лејно, која имаше 16 успешни одбрани. Лани, пак, Вардар во полуфиналето го совлада романски Букурешт со 38-33.
Унгарскиот шампион Ѓер, пак, се намачи во полуфиналната пресметка со романскиот првак Букурешт, кој успеа да ги скрши дури во самиот финиш од мечот, славејќи со 26-20.
За македонскиот и унгарскиот првак синоќешното финале беше нивни шести меѓусебен дуел во најквалитетното натпреварување. Двете екипи првпат се сретнаа во четврт-финалето од ЛШ во сезоната 2014/2015, кога Вардар ја забележа единствената меѓусебна победа со 24-18, а реванш-средбата заврши без победник, 27-27. Следната сезона двете екипи двапати играа во групна фаза, и во двата наврата славеше Ѓер (27-22 и 28-27). Последен пат силите ги одмерија минатата сезона во финалето од ЛШ, кое му припадна на Ѓер со 31-30, но дури по продолжението, откако резултатот во регуларниот дел беше нерешен (26-26).
Ракометните фаворити сигурни
Ракометарите на Металург, Вардар и Пролет стигнаа до нови победи и бодови во дуелите од 7. коло во плејоф-разигрувањето за титула во домашното првенство. Маталурзите со доминантна и сигурна игра славеа на гостувањето кај Охрид со 36-28, додека, пак, Вардарци рутинирано го надиграа Еурофарм со 39-22. Втора победа забележа Пелистер, кој на домашен терен го совлада Пролет со 23-19.
Во борбата за опстанок во Суперлигата, спасувачки исчекор направи Борец, кој славеше над Металург 2 со 28-25, додека, пак, Прилеп не успеа да го изненади Радовиш, загубувајќи со 30-33, со што остана на дното на табелата. Слободна беше екипата на Вардар јуниор. Та.Д.
Плејоф, 7. коло
Охрид – Металург 28-36
Пелистер – Пролет 23-19
Еурофарм – Вардар 22-39
ТАБЕЛА
1. Вардар 7 7 0 0 21
2. Металург 7 5 1 1 16
3. Еурофарм 7 4 1 2 13
4. Пелистер 7 2 0 5 6
5. Пролет 7 1 1 5 4
6. Охрид 7 0 1 6 1
Меѓусебни средби во ЛШ
Вардар – Ѓер 24-18 (четврт-финале)
Ѓер – Вардар 27-27 (четврт-финале)
Вардар – Ѓер 22-27 (групна фаза)
Ѓер – Вардар 28-27 (групна фаза)
Ѓер – Вардар 31-30 (финале ЛШ)