Вардар славеше против Металург со 31-27 во дербито од плејофот на ракометното првенство одиграно во Автокоманда.
Победникот беше решен во завршницата кога Вардар дојде до предност од четири гола (27-23), откако Металург држеше резултатски приклучок во поголемиот дел од средбата.
Крилните ракометари на хрватската репрезентација, Иван Чупиќ од Вардар и Златко Хорват од Металург беа најефикасни на мечот со по седум гола. Тимур Дибиров од Вардар постигна шест погодоци, а Мартин Серафимов и Василие Калуѓеровиќ забележаа по пет гола за Металург.