Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави конечниот список од 16 играчи кои ќе заминат за Рекјавик за дуелот против Исланд.
Ракометарите во среда со почеток од 21 часот и 45 минути ќе го одиграат првиот дуел од квалификациите за ЕП 2020.
За дуелот на гостински терен ќе патуваат голманите Митревски и Ристовски, крилата Поповски, Георгиевски, Манасков и Маџовски, дефанзивците Кукоски и Маркоски, како и бековите Лазаров, Јагуриновски, Талески, Кузмановски, Танкоски, и пивотмените Стоилов, Пешевски и Маркоски.
Мартин Томовски, Мартин Манасков, Димитар Димитриевски и Мартин Серафимов отпаднаа од списокот на Брестовац.