Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, одбра 22 репрезентативци со кои ќе ги одработи подготовките за претстојните мечеви со селекциите на Турција и на Грција, во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, што ќе се игра во Австрија, Норвешка и во Шведска. Собирот на репрезентацијата е закажан за в сабота, од 13 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Од поширокиот список на селекторот отпаднаа Мартин Поповски, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ, Гоце Ојлески и Дарко Димитриевски. Дебитант во сениорскиот состав е кадетскиот репрезентативец, десното крило Ненад Костески.
Список на репрезентативци: голмани: Борко Ристовски (Бенфика, Португалија), Никола Митревски (Констанца, Романија), Мартин Томовски (Металург). Крила: Дејан Манасков (Веспрем, Унгарија), Бојан Маџовски (Металург), Димитар Димитриоски (Металург), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт, Романија), Ненад Костески (Струга). Бекови: Филип Талески (Рајн Некар, Германија), Филип Кузмановски (Еурофарм Работник), Мартин Манасков (Пролет), Марио Танкоски (Металург), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Кирил Лазаров (Нант, Франција), Томислав Јагуриновски (Металург), Мартин Серафимов (Металург), Велко Маркоски (Констанца, Романија), Милорад Кукоски (Еурофарм Работник). Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Работник), Жарко Пешевски (Мотор, Украина), Филип Арсеновски (Металург). Та.Д.