Фото: Маја Јаневска-Илиева

На списокот се главно познати ракометари, од кои 10 се интернационалци

РАКОМЕТ – селекторот кирил ЛАЗАРОВ ГО СООПШТИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК ЗА ЕП 2022

Селекторот и капитен на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 играчи на кои смета за Европското првенство (ЕП), кое од 13 до 30 јануари следната година ќе се одржи во Словачка и Унгарија. На списокот се главно познати ракометари, од кои 10 се интернационалци. Лазаров не повика четворица ракометари што претходно беа предвидени во неговиот список, но поради ковид-протоколите на ЕП, а во согласност со регулативата на ЕХФ за заштита и превенција од ковид-19, условите не ги исполнија Емилијан Ѓорговски, Давид Савревски, Павле Атанасијевиќ и Петар Атанасијевиќ.
Како што е познато, Македонија на ЕП 2022 е во групата А, а најпрво ќе игра со Словенија на 13 јануари, два дена подоцна со Црна Гора, додека на 17 јануари со Данска, сите во унгарскиот град Дебрецин. Првите две селекции од шесте групи одат во втората фаза. Титулата ја брани репрезентацијата на Шпанија.
Список на ракометари:
Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Бојан Маџовски, Цветан Кузманоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Томислав Јагуриноски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Кристијан Симоноски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Дарко Кондев, Игор Ѓоргиев, Марко Стојковиќ, Марко Митев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Кирил Лазаров, Гоце Ојлески, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски, Тоше Ончев, Дарко Димитриевски, Костадин Петров, Стефан Атанасовски, Александар Петковски.


Словенија со најдобрите

И искусниот селектор на Словенија, Љубомир Вранеш, го соопшти поширокиот список од 35 играчи (23 интернационалци) за настап на ЕП 2022. На списокот фигурираат веќе познати врвни имиња, како што се Јуре Доленец, Деан Бомбач, Стаж Скубе, Блаж, Благотиншек, Миха Зарабец и многу други, но има и шест дебитанти. Како што е познато, Словенија на последното ЕП 2020 година играше во полуфиналето, каде што загуби од селекцијата на Норвешка, со 20-28.