По двата порази од Романија во бараж-двомечот за пласман на Светското Првенство во Шпанија, Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) со сопштение на нејзината интернет-страница ја информираше јавноста дека со взаемен договор со досегашниот селектор Симе Симовски ја прекинува соработката за неговиот ангажман во женските национални селекции.
Симовски ја извршуваше селекторската функција во периодот од септември 2015 година до месецов, во кој најголем успех на женскиот национален тим беа трите пласмани во баражите за СП во 2017, 2019 и во 2021 година.
Во известувањето на РФМ стои дека во периодот кој следува Управниот Одбор на РФМ ќе назначи нов вршител на функцијата селектор на женските национални селекции.
Следна акција на македонската репрезентација ќе бидат натпреварите во ЕХФ Евро Купот во октомври, против Норвешка, Црна Гора и Словенија. Та.Д.