Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалниот натпревар на машкиот ракометен турнир во Токио.
За златниот медал ќе се борат актуелниот олимписки и светски првак Данска и Франција. Финалниот меч се игра утре од 14 часот.
Начевски и Николов, на Олимписките игри, ја делеа правдата на шест натпревари.