Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија во драматичен натпревар по изведување на пенали славеше победа над Фарските острови 27:25. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 23:23.
Јуниорите предводени од селекторот Данило Брестовац на тој начин обезбедија пресметка со силната репрезентација на Белорусија.
Во денешното финале, младинците ќе се борат за победа што им носи место во елитната „А“ дивизија и учество на младинското ЕП следната година.
Дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.
Фарски Острови – Македонија 25:27 (23:23, 12:13, 2:4)
Македонија: Петковски, Кизиќ, Шилегов 9, Димитриоски 7, Јагуриновски 4, Танкоски 2, Арсеновски 1, Кукуловски 1, Мишевски 1, Петровски 1, Серафимов 1, Андонов, Атанасовски, Димитровски, Костески и Стојановски.
Седмерци: 4/5.
Исклучувања: 10 минути.