Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена на гостувањето кај Романија со 22-33 (11-15), во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство кое годинава се игра во Шпанија.
Избраничките на Симе Симовски немаа решение на Кристина Неагу која постигна 11 гола од 15 обиди, додека кај Македонија најефиканска беше Сара Ристовска со осум погодоци.
Домаќинот беше во постојано водство во текот на средбата, со што ја оствари највисоката разлика во завршницата од дуелот.
Реваншот се игра за седум дена во СЦ „Јане Сандански“.