Њујорк ќе биде првиот клуб од САД што ќе игра на неофицијалното Светско клупско првенство во ракомет – Суперглоуб, кое годинава првпат ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Со поделбата на Панамериканската федерација на две одделни федерации и заложбите на Светската ракометна федерација (ИХФ) за промоција на ракометот и во САД, Њујорк ќе биде првиот американски тим што ќе настапи на ова престижно клупско натпреварување.
Визата за Суперглоуб, ракометарите на Њујорк ја добија како победници на клупското првенство на Северна Америка и Карибите, одржано во Лејк Плесид. Во финалето Њујорк го совлада канадскиот тим Квебек со 34-30.