Во рамките на првото коло од новата ракометна сезона во женската ракометна суперлига синоќа на гостувањето во Прилеп ракометарките на ЖРК Куманово ја совладаа домашната екипа на ЖРК Деспина со 22:31 (10:18) со што ја постигнаа и првата победа во новата сезона.
Ракометарките на Куманово на синоќешниот натпревар во текот на целиот натпревар
имаа контрола врз играта и врз резултатот и беа во постојана резултатска предност
што на крајот резултира и со висока и убедлива победа од 31:22. Тие победата се
чини ја обезбедија уште во првото полувреме кое го добија со позитива од +8 гола
разлика (18:10) за да потоа во продолжението со сигурна и рутинска игра оваа разлика ја одржат се до крајот на натпреварот. Со оваа висока победа и со квалитетниот ростер со кој што во моментот располага екипата, ракометарките на Куманово всушност само ги најавија амбициите за највисок пласман во овогодинешното домашно ракометно првенство во женската супер лига.
Најефиксни ракометарки на на атпреварот во домашната екипа на ЖРК Деспина беа
Ангела Камческа со 6 и Сашка Филипоска со 5 голови, а додека пак кај победничката
екипа на ЖРК Куманово Ана Шарановиќ со 7 и Мила Трајковиќ со 6 постигнати голови.
Во наредното второ коло од женската ракометна суперлига, екипата на Куманово на домашен терен ке игра со екипата на ЖРК Стружанка од Струга.
Т.Д.