Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена и во вториот контролен меч против Египет во Каиро, овој пат со 26-31, откако вчера загуби со 25-32.
Домаќинот ја стекна одлучувачката предност од пет гола (24-19) на 15 минути пред крајот на средбата и успеа да слави, иако избраниците на Кирил Лазаров во неколку наврати се доближија на три гола негатива.
Филип Талески беше најпрецизен кај Македонија со девет гола, додека Цветан Кузманоски погоди седум пати.
Двомечот во Каиро беше одигран во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство (ЕП) во јануари в година, каде што македонските ракометари ќе бидат во групата А заедно со Данска, Словенија и со Црна Гора.