Ракометарите на Вардар, со победата над Загреб 26-24 во финалето на Регионалната лига во Скопје, го одбранија трофејот, кој е рекорден четврти за нив во седмото издание на натпреварувањето.

Вардарци и овојпат покажаа квалитет, цврстина и борбеност, не дозволувајќи му
на Загреб да направи изнанадување. Црвено-црните беа предводени од расположените Лука Циндриќ во нападот, и Илија Абутовиќ и Арпад Штербик во одбраната, кои одиграа одличен борбен меч.

Најефикасен во финалето беше Златко Хорват од Загреб со осум реализации, додека кај Вардар по петпати погодија Дијанис Кристопанс и Циндриќ.

Дуелот за третото место му припадна на Целје кој славеше против белорускиот првак Мешков Брест 31-28.

Централниот бек на Вардар Циндриќ беше избран за најкорисен ракометар (МВП) и за најдобар среден бек во идеалната седморка на фајналфор-турнирот, заедно со уште двајца вардарци, двајца ракометари на Загреб и по еден од Целје и од Мешков Брест. Илија Абутовиќ од Вардар беше прогласен за најдобар дефанзивец.

Олстар тим

Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево Крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Домагој Павловиќ (Загреб)
Центар: Лука Циндриќ (Вардар)
Десен бек: Жига Млакар (Целје)
Десно крило: Златко Хорват (Загреб)
Пикер: Вјачеслав Шумак (Мешков Брест)
Дефанзивец: Илија Абутовиќ (Вардар)
МВП: Лука Циндриќ (Вардар)

Та.Д.