Македонскиот шампион Вардар и екипата на Металург ги добија противниците за групната фаза во ракометната Лига на шампионите, за сезоната 2018/2019.
„Црвено-црните“ се најдоа во групата А заедно со Киелце (Полска), Барселона (Шпанија), Мешков Брест (Белорусија), Веспрем (Унгарија), актуелниот шампион Монпелје (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Рајн Некар Левен (Германија).
Во групата Б се тимовите на ПСЖ, ПИК Сегед, Мотор Запорожје, Флензбург, Скјерн, Загреб, Нант, Целје Пивоварна Лашко.
Тимот од Автокоманда, пак, се најде во групата Ц, заедно со Силкеборг (Данска), Спортинг Лисабон (Португалија), Бешикташ (Турција), Чековски Медведи (Русија) и Татран Прешов (Словачка).
Во групата Д ќе настапат Висла Плок, Адемар Леон, Елверум, Вакер Тун, Динамо Букурешт и Кокс.
Првите натпревари ќе се играат од 12 до 16 септември.