Ра­ко­мет­ни­те воз­бу­ду­ва­ња за ма­ке­дон­ски­от пр­вак Вар­дар во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те (ЛШ) ќе про­дол­жат де­не­ска, ко­га во Скоп­је го­сту­ва бе­ло­ру­ски­от пр­вак Ме­шков (17.30 ч.). Два­та клу­ба до­се­га во ЛШ се срет­на­ле са­мо два­па­ти (се­зо­на­та 2016/2017), а ре­зул­та­тот е 1-1. Цр­ве­но-цр­ни­те во Скоп­је сла­веа со 31-27, а на го­сти за­гу­би­ја со 26-30. И по­крај ова, два­та клу­ба до­бро се поз­на­ва­ат, оти во Ре­ги­о­нал­на­та ли­га (РЛ) ду­ри 14 па­ти ги од­ме­ри­ле си­ли­те. При­тоа Вар­дар за­бе­ле­жал де­вет по­бе­ди, три­па­ти за­гу­бил, до­де­ка два ду­е­ла за­вр­ши­ле не­ре­ше­но. Скоп­ја­ни по­стиг­на­ле вкуп­но 442 го­ла (во про­сек 29,46 по меч), а при­ми­ле 419 (27,93).

Во де­се­ткрат­ни­от пр­вак на Бе­ло­ру­си­ја, во кој има са­мо двај­ца дво­ме­тра­ши, ле­ви­от бек Па­вел Да­ра­веј (208 см) и пи­ке­рот Вја­чес­лав Шу­мак (204 см), а пред­во­ден од искус­ни­от шпан­ски стра­тег Ма­но­ло Ка­де­нас, игра­ат де­вет ин­тер­на­ци­о­нал­ци (трој­ца Хр­ва­ти, по двај­ца Ср­би и Сло­вен­ци и по еден Чех и Ру­син). Го­ди­на­ва клу­бот се за­си­ли со цен­трал­ни­от бек Але­ксан­дар Бач­ко (дој­де од фин­ски Кокс), срп­ско­то дес­но кри­ло Дар­ко Ѓу­киќ (Ки­ел­це) и Хр­ва­ти­те, дес­ни­от бек Ши­ме Ивиќ (Вис­ла) и цен­трал­ни­от бек Сан­дро Обра­но­виќ (Шам­бе­ри).

Бе­ло­ру­си­те се до­бри и по бе­ков­ски­те и по стра­нич­ни­те ли­нии и во ни­кој слу­чај не тре­ба да се пот­це­нат, без ог­лед на нив­ни­те не­у­бед­ли­ви до­се­гаш­ни осум на­ста­пи во ЛШ и фа­ктот што по­ра­ди сус­пен­зи­ја (цр­ве­ни­от кар­тон про­тив Ки­ел­це) не­ма да на­ста­пи ле­ви­от вар­да­ров бек Ву­ко Бо­ро­зан. Та­му пред сѐ пред­ни­чат дес­но­то кри­ло Џи­а­нис Ру­тен­ка (ла­ни 36 го­ла во ЛШ), ру­ски­от лев бек Але­ксан­дар Шку­рин­ски (34), дес­ни­от бек Сер­геј Ши­ло­вич (48), гол­ма­нот Ви­та­ли Ча­ра­пен­ка, ка­ко и Ѓу­киќ (35) и Ивиќ (36).

За раз­ли­ка од Вар­дар, кој за­бе­ле­жа че­ти­ри по­бе­ди (Мон­пел­је, Кри­сти­јан­стад, Вес­прем, Ле­вен) и еден по­раз (Ки­ел­це) и е во­деч­ки во гру­па­та А (за­ед­но со Бар­се­ло­на и Ки­ел­це) со осум бо­да, Ме­шков за­се­га е ше­сти со че­ти­ри бо­да, од­нос­но две по­бе­ди (Кри­сти­јан­стад и Мон­пел­је) и три по­ра­зи (Ле­вен, Вес­прем и Бар­се­ло­на).

Г.И.