Тренерот на Металург Данило Брестовац на денешната прес-конференција пред неделната средба со екипата на Татран Прешов во рамките на третото коло на Лигата на шампионите, изјави дека Словаците се екипа со која неговите ракометари можат да се надигруваат.
– Татран не е екипа од самиот врв на европскиот ракомет и затоа сметам дека против нејзе можеме да играме. Можеме да им парираме во 5-1 одбраната, за да не им дозволиме шутеви од далечина, од каде се исклучително силни. Нам ни недостигаат лесни голови. Тие ги имавме во првото полувреме против Бешикташ, но имавме и многу падови во нападот, изјави тренерот, додавајќи дека најголемиот проблем во тимот го гледа во ротацијата.
Мечот против татран е во недела, 30 септември од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, а по првите два натпревари Металург има два порази во ЛШ.