Јанта Волеј КВ е новиот одбојкарски македонски шампион во женска младинска конкуренција.
Младите одбојкарки на Јанта Волеј КВ во финалето на завршниот фајнал фор турнир во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје со пресврт од 0-2 стигна до триумф од 3-2 во сетови (22-25, 22-25, 25-20, 26-24, 15-8) совладувајќи го бранителот на титулата Наковски Волеј.






Струмичкиот тим имаше одличен старт на мечот, каде и покрај големиот отпор на тимот на Јанта стигна до предност од 2-0 во сетови. Противникот се врати во третиот сет и намали на 2-1. Во четвртиот сет Наковски Волеј имаше водство од 21-19 и се чинеше дека работите одат во негова корист, но скопскиот состав не мислеше така. Изедначи на 21-21, а потоа не му дозволи на ривалот да ја искористи сет-меч топката на 23-24, туку се врати и со 26-24 го однесе натпреварот во тај-брејк. Одбојкарките на Јанта Волеј КВ знаеја што сакаат во решавачкиот сет и предводени од капитенот Мери Бошковска со комплетен кам-бек стигнаа до шампионската титула.
Како вистинска увертира за финалето беше и дуелот за бронзениот медал, кој исто така беше решен по голема борба во пет сета, каде Работнички Скопје со 3-2 (20-25, 25-15, 25-15, 18-25, 15-9) ги победи Газели Волеј.
Ф4 ТУРНИР МЛАДИНКИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Јанта Волеј КВ – Работнички Скопје 3-1 (25-22, 25-19, 22-25, 25-12
Наковски Волеј – Газели Волеј 3-0 (25-20, 25-17, 25-16)
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
Работнички Скопје – Газели Волеј 3-2 (20-25, 25-15, 25-15, 18-25, 15-9)
ФИНАЛЕ
Јанта Волеј КВ – Наковски Волеј 3-2 (22-25, 22-25, 25-20, 26-24, 15-8)
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
1. Јанта Волеј КВ
2. Наковски Волеј
3. Работнички Скопје
4. Газели Волеј