ОДБОЈКА – КУП ЧЕЛИНЏ

Македонскиот претставник во Купот челинџ за одбојкари, Штип УГД, првиот натпревар од шеснаесеттинафиналето ќе го игра на домашен терен, на 10 декември, кога во салата „25 Мај“ во Радовиш, од 19 часот, ќе го пречека италијанскиот клуб Милано. Актуелниот победник на македонскиот Куп, пред неполна седмица со убедливи 3-0 во сетови и преку златен сет, го победи норвешкиот претставник Кол Ил за да се најде во главната рунда на ова трето по квалитет европско клупско натпреварување.
Според распоредот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), првите натпревари се играат од 10 до 12 декември, а реваншите се од 5 до 7 јануари в година. Реваншот во Италија, Штип УГД ќе го игра на 6 јануари со почеток во 17.30 часот, во арената „Центро Павеси“ во Милано, информираат од Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Г.И.