ОДБОЈКА

  • Извршниот директор на ЦЕВ и поранешен македонски одбојкарски репрезентативец е добитник на признание во категоријата за социјално влијание и цел

Вук Карановиќ, поранешниот македонски одбојкарски репрезентативец и интернационалец, кој во моментов ја извршува функцијата извршен директор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), е избран меѓу врвните 300 исклучителни лидери за глобална извонредност за 2025 година, пишува Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Тој е добитник на признанието во категоријата за социјално влијание и цел, информира ОФМ.
Карановиќ имаше силна конкуренција, со оглед на тоа дека беа поднесени повеќе од 12 илјади номинации во осумте категории, и тоа за бизнис-лидери, лидери на мисла, здравствена заштита и биолошки науки, оперативна извонредност, социјално влијание и цел, жени во лидерство, младо претприемаштво, како и за вештачка интелигенција и дигитална трансформација.
Секоја номинација подлежи на детално разгледување за категоријата каде што лидерството и влијанието се најсилни, притоа истакнувајќи ги уникатните придонеси на кандидатите. Признанието е под мотото „Извонредноста не е титула. Таа е одговорност.“, пишува Одбојкарската федерација на Македонија. Г.И.