Откако вчера Саудиска Арабија ја изненади Аргентина, со 2-1 во првото коло од групата Е, денес се случи второто големо изненадување на фудбалскиот Мундијал во Катар, во кое Јапонија го надигра четирикратниот светски првак Германија со 2-1.
Германците водеа на полувремето, но Јапонците неуморно год го демонстрира својот нескротлив дух и стигнаа до победа и три бода.
Првиот гол го постигнаа во 75. минута, а осум минути подоцна го постигнаа погодокот за победа. Тоа беше слободен удар за Јапонците на нивната половина, го изведе Ко Итакура кој испрати долга топка која леташе 40-50 метри во воздух пред да ја прифати Такума Асано. Напаѓачот, кој вообичаено настапува во германската Бундес лига за Бохум, дојде до предност пред германскиот дефанзивец Ник Шлотербек, се доближи до голот и шутираше неодбранливо од десната страна.