ФБ на Одбојкарска федерација на Македонија

Трет загубен натпревар за македонскиот шампион Јанта Волеј КВ во Европа сезонава, откако со 0:3 (6:25, 12:25, 19:25) загуби од хрватски Младост Загреб во првиот меч од 1/16 финалето во #CEVVolleyballCupW

Нашиот претставник имаше несигурно отворање на средбата со серија од 1-16 за гостите по што беше многу тешко да се консолидираат редовите.

Во вториот и третиот сет одбојкарките на Никола Јаневиќ се потрудија да пружат посилен отпор, но не можеа да најдат решение за одлично расположените Овино (15 поени) и Корача (14 поени) кои го предводеа Младост Загреб.

Во тимот на Јанта Волеј КВ, Мери Бошковска и Бојана Мароевиќ со по седум поени беа најефикасни, сериозно недостасуваше искуството на Татјана Јаневиќ која го пропушти овој дуел.

Реваншот се игра за седум дена, на 3 декември во 20 часот, во Загреб.