Моника Жежовска Фото: Нова Македонија

ШАХ – ПО СЕДУМ КОЛА НА „ОПЕН СКОПЈЕ 2024“

 

Македонскиот интернационален мајстор (ИМ), член на ШК Гамбит и репрезентативец, Никола Николовски (2.407, рангиран 11-ти пред почетокот на турнирот), со својата четврта победа (трета во низа, без пораз вкупно) во седмото коло на традиционалниот меѓународен шаховски турнир „Опен Скопје 2024“, им се приклучи на водечките шахисти што имаат по 5,5 поени на турнирот А. Николовски со црни фигури ја победи ЖВМ од Бугарија, Викторија Радева (2.275, 21.). Најдобропласирана шахистка засега е ЖВМ од Германија, Сиона Сиебер (2.236, 26-та), на седмото место со 5,5 поени, а македонска претставничка е Моника Жежовска (1.981, 56-та), на 33-та позиција со четири поени, во конкуренција на 97 учесници (11 ВМ, три ЖВМ, пет ИМ, еден ЖИМ, осум ФМ, два ЖФМ), од 16 земји.

На турнирот Б (рејтинг до 2.00 поени) на кој има 136 учесници (по еден ИМ и ЖФМ) од девет земји, засега водат Хена Карадас (1.887, рангиран 15.) и Јусуф Туркмен (1.958, 2.) и двајцата од Турција со по шест поени. До крајот и во двете конкуренции остануваат уште две кола.

Некои резултати, турнир А, седмо коло: ВМ Момчил Петков (2.545, 4) – ВМ Елтај Сафарли (2.610, 1.) реми, ВМ Мартин Петров (2.548, 2) – ВМ Витали Бернадскиј (2.546, 3.) реми, ВМ Кирил Георгиев (2.537) – ВМ Денис Кадриќ (2.544, 5.) реми, ВМ Мејлис Анарбедијев (2.442, 10.) – ВМ Петар Арнаудов (2.401, 12) 1-0, ФМ Антон Златков (2.324, 17.) – ЖВМ Сиона Сиебер (2.236, 26) 0-1, ИМ Мариус Фром (2.459, 9) – ФМ Илиќ (2.076, 39) 1-0, ФМ Андреј Велјаноски (2.304, 13.) – Шарл Џоси (2.024, 49.) 1-0, Емир Дал (1.884, 80) – ЖФМ Ивана Манова (2.059, 43) 1-0, Садетин Озен (2.007, 25.) – Леа Ефтовска (1.810, 89) реми, Андреи Иванов (1.803, 90) – Моника Жежовска (1981, 56) 0-1 итн.

Табела: ВМ Анабердиев (Туркменистан), ВМ Петров (Бугарија), ВМ Сафарли (Азербејџан), ВМ Бернадскиј (Украина), ВМ Кадриќ (Црна Гора), ВМ Петков (Бугарија), ЖФМ Сиебер (Германија), ИМ Николовски (Македонија), сите со по 5,5 поени.

Г.И.