Најдобриот светски фудбалер, Аргентинецот Лионел Меси, во својот клуб Интер од Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28 екипи од првата лига на МЛС лигата, покажуваат податоците објавени од Синдикатот на играчи, без да се земат предвид плаќањата на спонзорите.
Меси, кој со Аргентина го освои Светското првенство, ќе заработи 20.446.667 долари (околу 18.892.925 евра), откако Интер ја обезбеди титулата во регуларниот дел од сезоната. Со 41,7 милиони долари, целиот тим на Мајами е значително поскап од кој било друг во лигата.
Следува Торонто кој издвојува 31,8 милиони долари за плати и двата тима од Лос Анџелес. Галакси издвои 22,1 милиони долари за плати, а ЛАФЦ 22 милиони долари.
Покрај споменатите четири екипи, повеќе од Меси заработуваат сите фудбалери заедно на тимот од Нешвил (21,9 милиони долари), Синсинати (21 милион долари) и Хјустон (20,5 милиони долари), објави Синдикатот на фудбалери.