Македонската одбојкарска репрезентативка и членка на актуелниот женски првак Јанта Волеј Кисела Вода, Мери Бошковска е избрана за најдобра млада спортистка за 2025 година на јубилејната петта „Златна Олимпија 2025“ во организација на Македонскиот Олимписки Комитет.
Настанот е посветен на исклучителните достигнувања и придонеси на жените во македонскиот спорт и ги истакнува истакнати најуспешните спортистки, чиј труд и резултати оставија силен печат на спортската сцена изминатава година.
„Особена чест ми е што сум дел од настанот кој ги слави најуспешните жени во спортот како млада спортистка. Ваквите награди претставуваат вистинска инспирација да продолжам уште поупорно да растам и напредувам“, кусо коментира Мери Бошковска, најдобрата млада спортистка за 2025 година.
Бошковска како еден од столбовите во играта на Јанта Волеј КВ во домашното првенство ја освои шампионската титула и играше во Куп-финалето. Во премиерниот настап на европската сцена, како дел од квалификациите на Лигата на шампионите коректорот имаше забележителни настапи и стигна до МВП статус на два натпревари.
Со националниот тим Мери Бошковска летово учествуваше во квалификациите за ЕвроВолеј 2026, додека настапот во Сребрената Европска лига беше принудена да го пропушти откако заработи повреда за време на подготовките со репрезентацијата.




































