Ерик тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед по мизерниот почеток на сезоната, со тоа што „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 14. место во Премиер лигата.
Холанѓанецот, кому во јули му беше продолжен договорот до 2026 година, најверојатно ќе добие значителен пакет за компензација откако беше набркан од страна на еден од сопствениците сер Џим Ретклиф по само три месеци од новото првенство.
Легендата на клубот Руд ван Нистелрој ќе го преземе „Олд Трафорд“ на привремена основа, додека Томас Франк од Брентфорд, Рубен Аморим од Спортинг Лисабон, Един Терзиќ од Борусија Дортмунд и поранешниот тренер на Барселона, Чави, се поврзуваат со приказните за долгорочно решение на тренерската клупа.
Томас Тухел, за кој Јунајтед размислуваше летото, оттогаш беше именуван за наследник на Герет Саутгејт од страна на Фудбалската асоцијација и ќе ја преземе Англија од јануари.
Манчестер Јунајтед ја потврди веста во денешното соопштение до јавноста, кое гласеше: „Ерик тен Хаг ја напушти улогата на менаџер на првиот тим на Манчестер Јунајтед“.