Дваесетгодишната блескава кариера на Коби Брајант (41) со Лос Анџелес лејкерс беше исполнета со успеси, но и контроверзи, како што беше спротиставувањето со тогашниот соиграч Шекил О’Нил, се до обвинението за силување во 2003 година (што тој го негираше). Но, кариерата на неговата ќерка Џиана (13) сè уште не беше започната, а нејзиниот татко често зборуваше за нејзините вештини и за нејзината светла иднина во кошарката.
Џиана Брајант загина заедно со нејзиниот татко Коби, во хеликоптерска несреќа. Таа сакаше да биде кошаркарска ѕвезда исто како него.
Брајант требаше да ги види овие вештини од прва рака, не само како родител, туку како тренер на тимот на Џиана. Во разговор со познатиот водител Џими Кимел во 2018 година, поранешниот играч на лејкерс рече дека се надева како неговата ќерка ќе игра во ВНБА-лигата и дека верува оти таа ќе го стори тоа.
Брајант гордо му кажа на Кимел за реакцијата на Џиана кога навивачите му приоѓаа на неговото семејство, велејќи дека тој треба да има син за да го наследи во кошарката, при што Џиана реагирала со зборовите „чекајте, јас ќе го наследам, јас ќе го сторам тоа“.
Брајант му рекол на Кимел дека е мотивиран да ги тренира децата „делумно за да се обиде да ги научи како изгледа совршеноста“ и дека како тренери „се обидуваме да им дадеме основа за количина на работата и подготовката што е потребна за се биде одличен“
Според ЕСПН, Брајант и Џиана биле на пат кон местото каде што таа требала да игра кошаркарски натпревар, кога хеликоптерот кој се урнал.
Љубителите на кошарката жалат не само за легендата, туку и за тинејџерка која имаше потенцијал – и жестока желба да ги следи стапките на нејзиниот татко.