Никола Јокиќ ги одржува надежите на Денвер за пласман во плејофот во кошаркарската НБА-лига, благодарение на неговата разновидна игра, која му овозможи да има повеќе трипл-дабл ефекти отколку забивања сезонава, што е невообичаено за центар висок 208 сантиметри.
Српскиот кошаркар го оствари неговиот десетти трипл-дабл сезонава (двоцифрен учинок во три статистички категории) забележувајќи 15 поени, 20 скока и 11 додавања во победата над Портланд 88-82, (шеста едноподруго за Денвер). Тој има вкупно осум забивања во 81 настап во тековното првенство.
Згора, Јокиќ беше прогласен за играч на неделата во Западната конференција по вторпат сезонава, откако оствари просек од 23 коша, 10,3 фатени топки, девет асистенции и 2,3 украдени топки во трите трумфа помеѓу 2 и 8 април.
Нагетси ќе се соочат со Минесота тимбервулфс на гости, в четврток, во директен дуел за последното осмо плејоф-место во Западната конференција. Двата клуба имаат 46 победи и 35 порази.