Центарот на Денвер нагетс Никола Јокиќ и бекот на Далас маверикс Лука Дончиќ се избрани во најдобрата петорка на кошаркарската НБА-лига за сезонава. Покрај нив во идеалната петорка се најдоа и Стеф Кари (Голден стејт), Каваи Ленард (ЛА клиперс) и Јанис Антетокумбо (Милвоки).
Во гласањето максимален број на гласови, 500, доби само Антетокумбо, додека актуелниот МВП Јокиќ доби 498, Кари 496, Дончиќ 402, а Ленард 323 гласа.
Во втората петорка одбрани се Демијан Лилард (Портланд), Крис Пол (Феникс), Леброн Џејмс (ЛА лејкерс), Џулиус Рендл (Њујорк) и Џоел Ембид (Филаделфија), а во третата се најдоа Кајри Ирвинг (Бруклин), Бредли Бил (Вашингтон), Џими Батлер (Мајами), Пол Џорџ (ЛА клиперс) и Руди Гобер (Јута).