Првпат во НБА пет триплдабл-ефекти во ист ден

КОШАРКА

Антетокунмпо, Вестбрук, Сабонис, Харден и Рендл забележаа двоцифрен ефект во три статистички категории, а Вестбрук сега е на 25 од рекордот на Робертсон. Ентони, пак, се проби на 11-то место на вкупната листа на стрелци во НБА

Првпат во историјата на НБА, пет различни кошаркари забележаа статистички подвиг во ист ден. Јанис Антетокунмпо (Милвоки), Расел Вестбрук (Вашингтон), Домантас Сабонис (Индијана), Џејмс Харден (Бруклин) и Џулиус Рендл (Њујорк) викендов остварија т.н. триплдабл (двоцифрен ефект во три статистички категории).
Антетокунмпо и Вестбрук го направија тоа во ист натпревар, што е, пак, само шести пат во историјата на лигата. Суперѕвездата на Милвоки, исто така, стана само вториот играч во историјата на франшизата што поставил трипл-дабл во натпревари еден против друг, а спортската икона на НБА, Карим Абдул-Џабар, е другиот играч.
Вестбрук, пак, продолжи да се приближува до Оскар Робертсон според бројот на триплдабл-ефекти во кариерата. Засега има 157 зад своето име, а му требаат уште 25 за да го надмине Робертсон.

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони (36), пак, го надмина легендарниот центар на Хјустон, Хаким Олајџувон, и сега се проби на 11-то место според бројот на постигнати поени во историјата на НБА-лигата. Во победата над Минесота (125-121), Ентони постигна 26 поени и стигна до вкупната бројка од 26.955 коша.
Пред Ентони сега е Алвин Хејс (27.313), а на првите три позиции во НБА-лигата се Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928) и Леброн Џејмс (35.189).