Тој на мечот со Сан Антонио стана првиот кошаркар со 1.000 меча во низа во регуларниот дел од сезоната на кој постигнува најмалку 10 поена

КОШАРКА – НБА

Во поразот на кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс од Сан Антонио спарс, Леброн Џeјмс, кој всушност таа вечер и го прослави својот 36-ти роденден, на 1.000-от натпревар во низа во регуларниот дел од сезоните постигна барем 10 поена.
Серијата почна по мечот на 5 јануари 2007 година, кога не успеа да постигне барем 10 поени на натпревар, имаше осум поени, девет асистенции и пет скока, во победата на Кливленд на мечот со Милвоки, а во својата кариера има осум едноцифрени меча, шест од нив во сезоната 2003/2004, неговата дебитантска сезона, пишува на интернет-страницата на НБА.
Џејмс на 30 март 2018 година го урна претходниот рекорд од оваа категорија, на феноменалниот Мајкл Џордан, кој со својот клуб Чикаго булс имаше 886 последователни натпревари со најмалку по 10 поени во регуларниот дел од сезоните во НБА-лигата.
На оваа листа Карим Абдул-Џабар е на третата позиција, откако одигра 787 натпревари (од 1977 до 1987 година) со таков резултат, Карл Мелоун со 575 е четврти, пред Кевин Дурант со 562 итн.