МЗТ Скопје убедливо го совлада својот вечен ривал Работнички со 93-68 на гости, во големото дерби од кошаркарската Суперлига одиграно вечерва.
По израмнетиот почеток на мечот, „металците“ доминираа во втората и третата четвртина. Во последната четвртина од мечот, темпото падна и Работнички успеа малку да се доближи.
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Хиндс со 22 поени, додека Лесколт постигна 25 поени за Работнички.
СУПЕРЛИГА, 7.КОЛО
Гостивар – Евро Никел 94-87 (22-20, 16-23, 27-20, 29-24)
Работнички – МЗТ Скопје 68-93 (17-18, 15-30, 18-31, 18-14)