Јуниорската репрезентација на Македонија со пораз од Швајцарија и на 18-то место го заврши Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б-дивизија, што се одржува во Скопје.
Избраниците на селекторот Панче Милевски претрпеа пораз од минимални 64:65.
Македонските кошаркари лошо го започнаа натпреварот и дозволија Швајцарија во првите шест минути да дојде до висока предност од 0:16.
Потоа следеше период на консолидација и предноста до паузата беше намалена на едноцифрена (28:34).
Иако, македонската репрезентација ја подобри играта во преостанатите две четвртини, дополнителен проблем во второто полувреме беше исклучувањето на капитенот Лука Стојановски поради лични грешки пред крајот на првиот дел.
Македонските кошаркари до крајот успеаја резултатски да се доближат, но недоволно за пресврт и победа.
Валмир Какруки со 16 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, а Дамјан Миса реализираше 14 поени.