Легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џијана биле погребани на приватна церемонија во Калифорнија, објави „Њујорк Пост“.
Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и репрезентативец на САД и неговата 13-годишна ќерка настрадаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари во Лос Анџелес. Во хеликоптерот покрај Брајант и неговата ќерка загинаа уште седум други лица.
Таткото и ќерката биле погребано минатиот петок во Корона Дел Мар. Јавното збогување со сите девет жртви ќе се случи на 24 февруари во „Стејплс“ центарот во Лос Анџелес.
– Ванеса и семејството сакаат приватен погреб. Церемонијата била исклучително тешка за сите. Сѐ уште не можат да разберат дека изгубија две преубави души – пренесува „Етертејмент Тунајт“ изјава на неименуван извор.