Кејд Канингем е прв избор на драфтот во кошаркарската НБА-лига. Студентот на универзитетот Оклахома стејт кариерата ќе ја продолжи во Детроит пистонс. Канингем има 19 години, игра на позицијата плејмејкер и висок е 203 сантиметри. Со репрезентацијата на САД, играчи до 19 години, во 2019 година стана светски првак.
Од втората позиција Хјустон рокетс го избраа Џејлен Грин, додека трет пик е Еван Моби кој ќе игра за Кливленд кавалирс. Изненадување, според Американците е изборот на Скот Барнс како четврти пик од страна на Торонто репторс. Орландо меџик од петтата позиција го избраа Џејлен Сагс.
Највисоко рангиран играч од Европа е Германецот Франц Вагнер. Него од осмата позиција го избра Орландо меџик.
Српскиот репрезентативец, најкорисниот играч (МВП) на сезоната во АБА лигата, Филип Петрушев, како 50 пик заврши во Филаделфија. Петрушев е вкупно 13-ти кошаркар од српскиот клуб Мега кој е избран на драфтот во НБА-лигата. Најпознат е актуелниот МВП Никола Јокиќ.