Американскиот кошаркар, Тајлер Ханикат, не е убиен во престрелката со полицијата, туку бил мртов пред полициските службеници да влезат во неговата куќа.
Првично американските медиуми објавија дека кошаркарот на руски Химки бил застрелан во престрелка со полицијата, откако поради психолошки проблеми се затворил во неговата куќа.
Меѓутоа, полициските власти на Лос Анџелес ги демантираа овие тврдења и соопштија дека Ханикат извршил самоубиство и бил пронајден мртов во неговиот дом.
Обдукцијата го потврди полицискиот извештај, при што било утврдено дека тој се застрелал во главата пред полициските службеници да влезат во неговата куќа.
Мајката на 27-годишниот кошаркар изјави дека нејзиниот син во последно време чудно се однесувал, но тврдеше дека тој е убиен од полицијата.
Кошаркарот професионалната кариера ја започна во НБА лигата во Сакраменто кингс, а изминатите неколку сезони настапуваше во Европа.