Кошаркарите на Атланта поставија нов рекорд во НБА-лигата за удари за три поени во една четвртина од еден натпревар, без притоа да промашат.
Атланта на дуелот против Њу Орлеанс, во кој славеше со 123-107, реализира 11 тројки од исто толку обиди. Рекордот претходно го држеше Кливленд, со девет тројки од девет шута на средбата против Атланта, поставен во ноември 2014 година.
Атланта по 51 одигран натпревар сезонава (досега забележа 27 победи и 24 порази) е на четвртата позиција на табелата во Источната конференција на НБА-лигата. Г.И.