Во најсилното европско кошаркарско клупско натпреварување во минатите неколку сезони, од сезоната 2019/2020, настапуваа по 18 клуба
КОШАРКА
Одборот на акционери на комерцијални средства на кошаркарската Евролига се состана вчера за да се расправа за клучните стратешки иницијативи насочени кон обликување на иднината на натпреварите и, за време на состанокот, одборот го одобри предлогот за проширување на Евролигата на 20 клуба почнувајќи од сезоната 2025/2026, објави Евролигата на својата интернет-страница. Овој предлог ќе биде доставен до Генералното собрание за конечна ратификација.
Паралелно, одборот се согласи да претстави прелиминарна листа на предложени клубови учесници, во зависност од завршувањето на сите потребни формалности и, исто така, одржа првични дискусии во врска со потенцијалните дополнителни сценарија за проширување на Евролигата за сезоните по сезоната 2025/2026, пишува Евролигата.
Во Евролигата во минатите неколку сезони, од сезоната 2019/2020, настапуваа по 18 клуба (пред тоа играа по 16 тима), кои играа двокружно секој со секого, по што осум екипи се пласираа во четврт-финалето (во минатите две сезони шест тима директно, а два четвртфиналисти се добиваа по плејоф во кој играа четири тима, тие од седмото до 10-то место на табелата по регуларниот дел од сезоната). Н.М.