Фото: ЕПА

КОШАРКА – НБА-КУП

  • Во финалето на НБА-купот, в среда во Лас Вегас, ќе играат Сан Антонио и Њујорк

Сан Антонио ја победи Оклахома со 111-109 во Лас Вегас, во полуфиналето на НБА-купот во кошарка. Тоа се случи по 16 победи во низа, што е нов рекорд на Оклахома. Актуелниот шампион на НБА, кој ја отвори новата сезона со неверојатен резултат од 24 победи и само еден пораз, изедначувајќи го резултатот на Голден стејт од сезоната 2015/2016, сепак, ја пропушти можноста да стане првиот клуб во историјата што ќе ја обедини двојната круна на НБА, оти финалето на НБА-купот во Лас Вегас ќе се игра помеѓу Сан Антонио и Њујорк, кој го победи Орландо во вториот полуфинален меч. Бидејќи сите дуели од НБА-купот, освен финалето, се сметаат за натпревари од регуларната сезона, резултатот на Оклахома од 24-2 ќе влезе во историјата како втор најдобар почеток на една сезона, веднаш зад тој на Голден стејт од 25-1.
Почетокот на дуелот не навестуваше дека Сан Антонио ќе може да ја забележи својата 18-та победа, бидејќи Оклахома имаше двоцифрена предност по првите 12 минути (31-20). Но благодарение на францускиот центар Виктор Вембањама, кој се врати на теренот по 12 меча отсуство поради повреда, дојде до целосен пресврт. Тој одигра 20 минути и забележа 22 поена и девет скока.
– Се чувствувам многу среќно затоа што токму во вакви ситуации знам дека можам да му верувам на своето внатрешно јас, дека ќе влезам во таа зона и ќе ги направам вистинските работи да се случат – рече Вембањама, пренесе официјалната интернет-страницата на НБА-лигата. Г.И.


НБА-КУП ПОЛУФИНАЛЕ

Орландо – Њујорк 120-132
Оклахома – Сан Антонио 109-111
ФИНАЛЕ
Њујорк – Сан Антонио среда

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ
Лос Анџелес лејкерс 2023 г.
Милвоки 2024 г.