ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2027 ГРУПА Б Македонија - Романија 2 август Романија - Унгарија 6 август Унгарија - Македонија 9 август Романија - Македонија 13 август Унгарија - Романија 16 август Македонија - Унгарија 20 август

Ќе дадам сѐ за да помогнам, да внесам позитивна енергија на тренинзите и на натпреварите, да помогнам со своето искуство и да дадам придонес да стигнеме до што подобри резултати, рече Вајли, пренесе КФМ. Македонија во претквалификациите за СП 2027 ќе игра во групата Б, со Романија и со Унгарија, а првопласираните две ќе настапат во квалификациите

КОШАРКА – ПОДГОТОВКИ ЗА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2027

Искрено сум пресреќен што дојдов по неколку години пауза. Мотивацијата е на највисоко ниво, штом стапив во контакт со луѓето од федерацијата без многу размислување прифатив. Среќен сум што со мене дојде и моето семејство, кое ќе ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Македонија, изјави Џејкоб Вајли (30), кој повторно е дел од сениорската репрезентација на Македонија, пренесе Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).
Американецот со македонски пасош без размислување го прифати повикот на селекторот Марјан Илиевски, за повторно да заигра за Македонија, пишува КФМ. Македонската репрезентација во Гевгелија се подготвува за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2027 година, во Катар.
– Знам дека репрезентацијата е подмладена и сметам дека тоа е природна работа. Да, добро е што младите кошаркари ќе добијат можност да блеснат на сениорско ниво. Допрва ќе тренираме и ќе се уигруваме, свесен сум дека во овој процес на подмладување мојата улога како лидер ќе биде уште позначајна, но подготвен сум за тоа. Ќе дадам сѐ за да помогнам, да внесам позитивна енергија на тренинзите и на натпреварите, да помогнам со своето искуство и да дадам придонес да стигнеме до што подобри резултати – рече Вајли, пренесе Кошаркарската федерација на Македонија.

Македонија во претквалификациите ќе игра во групата Б, со репрезентациите на Романија и на Унгарија. Првата средба е на 2 август со Романија во Куманово, потоа се два меча на гости, со Унгарија на 9 август и со Унгарија четири дена подоцна, а претквалификациите ќе бидат заокружени со дуелот со Унгарија во Куманово, на 20 август. Првопласираните две репрезентации од секоја од четирите претквалификациски групи ќе настапат во квалификациите во кои директно се пласираа учесниците на годинашното Европско првенство (ЕП), и тоа Кипар, Финска, Летонија, Полска, Белгија, БиХ, Чешка, Естонија, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Исланд, Израел, Италија, Литванија, Црна Гора, Португалија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска и Турција.
Победникот на претквалификациската група Б ќе игра во групата Б во квалификациите, со Грција, Црна Гора и со Португалија, а второпласираната репрезентација ќе се натпреварува во групата Г, со Франција, Белгија и со Финска. Потоа, најдобрите три селекции од осумте квалификациски групи ќе играат во втората квалификациска рунда, во која ќе има четири нови групи и од кои најдобрите три ќе играат на кошаркарскиот Мундијал во 2027 година. Н.М.


ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2027

ГРУПА Б
Македонија – Романија 2 август
Романија – Унгарија 6 август
Унгарија – Македонија 9 август
Романија – Македонија 13 август
Унгарија – Романија 16 август
Македонија – Унгарија 20 август