Последните четири репрезентации што ќе се пласираат на кошаркарскиот турнир за мажи на Летните олимписки игри (ЛОИ) годинава во Париз ќе бидат одредени викендов. Вкупно 16 репрезентации се пласираа во полуфиналињата на четирите турнири.
Во денешните полуфинални натпревари ќе играат Бахами – Либан и Финска – Шпанија на турнирот 1 што се игра во Шпанија, Бразил – Филипини и Камерун – Летонија на турнирот 2 во Летонија, Грција – Словенија и Доминиканска Република – Хрватска на турнирот 3 во Грција и Порторико – Мексико и Италија – Литванија на турнирот 4 во Порторико. Финалињата се играат утре.
Победниците на турнирите 1 и 3 на Летните олимписки игри ќе играат во групата А, со репрезентациите на Австралија и на Канада, победникот на турнирот 2 ќе се сретне со селекциите на Франција, Германија и на Јапонија во групата Б, а победникот на турнирот 4 ќе игра во групата Ц, во која се репрезентациите на Србија, Јужен Судан и на САД. Н.М.