Фото: ЕПА

КОШАРКА – НБА ОЛСТАР-ВИКЕНД

На спектакуларниот олстар-викенд во Лос Анџелес триумфираше тимот на новите американски кошаркарски ѕвезди, кој во финалниот меч, одигран во Лос Анџелес, беше подобар од тимот на ветераните, предводени од Леброн Џејмс, со 47-21. Во победничкиот состав настапија Скоти Барнс, Девин Букер, Кејд Канингем, Џејлен Дурен, Ентони Едвардс, Чет Холмгрен, Џејлен Џонсон и Тајрис Мекси. Во полуфиналето тимот на ѕвездите дури по продолжение го совлада тимот на светот со 37-35. Во вториот полуфинален меч се сретнаа екипите на Старс и Страјпс.
Финалето на олстар-турнирот, кое траеше 12 минути, како и секој друг натпревар во ова натпреварување веќе четврта година, вклучуваше два тима составени од американски играчи, а светскиот тим, кој беше составен од кошаркари од други земји, беше елиминиран уште во првата фаза. Одиграни беа три интересни меча по 12 минути во групната фаза, кои беа одлучени во самата завршница, по што следуваше и големото финале. Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на олстар-натпреварот за годинава, а го предводеше тимот на ѕвездите. Едвардс на првиот натпревар уфрли 13 поени, на вториот 11, а во финалето осум поени, што беше доволно трофејот „Коби Брајант“ да заврши во негови раце.
Плејмејкерот на Портланд, Дејмијан Лилард, победи во натпреварот во брзо шутирање тројки, освојувајќи ја титулата третпат во својата кариера. Во финалната серија тој постигна 29 поени, наспроти 27 на Девин Букер, а дебитантот Кон Кнупел имаше 17. Во натпреварот во забивање победи Кишад Џонсон од Мајами. Г.И.